Ве молиме потврдете ја вашата возраст и продолжете.
Коцкањето може да предизвика зависност. Играјте одговорно.
Како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Последно ажурирање: 11 јуни 2026, Гевгелија
Здобивањето и одржувањето доверба е суштинско за она што го правиме. Затоа ние сме навистина посветени на транспарентност во нашата врска и практиките за приватност. Сите лични информации и податоци што ќе ни бидат откриени и се сметаат за лични податоци, ќе бидат обработени само доколку постои правна основа за тоа, односно само за одредена цел и секако со ваша согласност во случаи кога тоа е потребно, и затоа ве покануваме да се вклучите во сите наши активности со полна доверба во поглед на заштитата на вашите лични и други податоци. Ние не собираме информации или лични податоци од деца.
Овој документ е политика за приватност и колачиња и може да ви помогне да ги најдете информациите што ви се потребни за тоа како ги третираме вашите лични информации, односно колачињата. Прочитајте го овој документ внимателно и во целост за да дознаете попрецизно кои лични податоци ги собираме, односно како ги собираме, користиме, споделуваме, чуваме и откриваме вашите лични податоци. Нашата политика за приватност и колачиња редовно ќе се менува или ажурира во согласност со нашите активности и потреби, за што ќе бидете навремено известени. Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте не директно на: dpo@casino-f.com
Makoten dooel Gevgelija според Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр.42/2020) е во својство на контролор за личните податоци што ги обработуваме, освен ако поинаку не е наведено во овој документ.
Постојат неколку начини да не контактирате, вклучувајќи телефон, е-пошта, разговор во живо и преку пошта. Повеќе детали може да најдете на нашата веб-страница www.casino-f.com
Нашата поштенска адреса е:
Хотел Фламинго Богородица
Улица Граничен премин Богородица бр.13
1480 Гевгелија
Можете да не контактирате на dpo@casino-f.com или преку нашата поштенска адреса.
Поголемиот дел од личните податоци и информации што ги обработуваме ни ги давате директно вие од една од следниве причини:
Податоците што ги собираме се ограничени на видовите информации што обично може да се најдат на вашата визит-карта, и обично, но не исклучиво, се однесуваат на:
Покрај видовите информации што сакате да ни ги дадете, ги добиваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, сами или во комбинација со други податоци:
Сите лични информации што ни ги давате ги користиме за да ви обезбедиме највисок квалитет на нашите услуги и информации наведени во овој документ. Никогаш нема да ги продадеме вашите лични информации на никого, ниту пак ќе ги дадеме на некој друг за неовластена употреба. Засега, не ги споделуваме вашите лични информации со трети страни кои би можеле да го олеснат давањето на нашите услуги, на пример. Нашиот план за иднината е да користиме услуга од трета страна за да ви испраќаме информации за настани во случај да сте се согласиле на ова, но ова ќе биде предмет на ажурирана Политика за приватност и колачиња за која дополнително известување ќе биде објавено на нашата веб-страница навремено.
Сите лични податоци што сме ги стекнале при вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање или за подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние нема да ги споделуваме вашите информации или лични податоци со трети страни за цели на директен маркетинг, освен ако немаме ваша експлицитна согласност за тоа.
Според Законот за заштита на личните податоци, имате права за кои треба да ве информираме. Правата што ви стојат на располагање зависат од целта, односно причината за обработка на вашите лични податоци. Повеќе информации на оваа тема може да најдете на веб-страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, односно да поставите прашање до нашиот службеник за заштита на личните податоци на dpo@casino-f.com или до нашиот државен орган - надлежен регулаторен орган на info@privacy.mk. Дополнително, ќе ги најдете основните информации во врска со споменатите права:
Имате право да побарате копии од вашите лични информации од нас. Ова право секогаш важи. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не можете секогаш да ги добиете сите информации што ги обработуваме.
Имате право да побарате од нас да исправиме информации за кои сметате дека се неточни. Исто така, имате право да побарате од нас да ги дополниме информациите за кои сметате дека се нецелосни. Ова право секогаш важи.
Имате право да побарате од нас да ги избришеме вашите лични информации во одредени околности. Ова право важи само под одредени услови во согласност со законот.
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме или запреме обработката на вашите лични податоци во одредени околности во согласност со законот.
Имате право да се спротивставите на обработката само ако обработката на вашите лични податоци не е дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.
Ова се однесува само на информациите што ни ги давате. Имате право да побарате од нас да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една организација на друга (контролор) или да ви ги дадеме вас. Законот се применува само ако обработуваме лични податоци врз основа на ваша согласност, или во процесот на склучување договор ако сте една од страните, односно ако обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски во областа на кривичното право и постапка.
Не сте обврзани да платите никаква такса за остварување на горенаведените права, освен кога, во зависност од вашето барање, е поврзано со особено голем број операции или активности за кои ќе бидете однапред известени. Во врска со ова, направени се одредени исклучоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За да ги остварите вашите права, во согласност со посочената регулатива, односно постапувајќи по вашето барање, според законот, имаме еден месец да одговориме.
Работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на вашите лични информации, меѓутоа ако имате какви било прашања или проблеми, контактирајте не на dpo@casino-f.com и ние ќе одговориме.
Ако во кој било случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk
To exercise your rights, you can submit an appropriate form. The forms can be found тука.
Цел и правна основа за обработка:
Нашата цел за собирање на овие информации, односно лични податоци е да можеме да го реализираме настанот и да ви обезбедиме соодветна, квалитетна и прифатлива услуга.
Правната основа на која се потпираме за обработка на вашите лични податоци е нашиот легитимен интерес и во одредени околности вашата согласност.
Она што ни треба, односно што треба да знаете во овој случај е:
Ако сакате да присуствувате на некој од нашите настани, ќе бидете побарани да ги дадете вашите информации, односно лични контакт информации, вклучувајќи го и името на вашата организација/институција и ако вашето присуство е потврдено, може да побараме одредени информации за вашите преференции и навики ако се работи за настан што се одржува со физичко присуство. Може да побараме и плаќање доколку има надомест за присуство, односно учество.
Зошто ни се потребни овие информации?
Овие информации ги користиме првенствено за да го олесниме одржувањето на настанот и да ви обезбедиме квалитетна услуга, но во одредени случаи ги користиме и за исполнување на цели во согласност со законот. Ни се потребни и овие информации, односно лични податоци за да можеме да комуницираме со вас или да одговориме на вашите барања.
Ние не ги споделуваме овие информации или лични податоци со никого, и ги бришеме веднаш по завршувањето на настанот, освен ако постојат законски пречки за тоа. Деталите можете да ги видите во делот за колачиња.
Не објавуваме списоци на учесници за настани.
Колку долго ги чуваме вашите лични податоци?
Кога ја посетувате нашата веб-страница, вашиот прелистувач автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-страница, www.casino-f.com, кои привремено се чуваат во датотека. Во секој случај, детали за роковите на чување можете да видите во делот за колачиња.